TAVCE GRAVCE
Тавче-гравче — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски
грав и може да се најде скоро во сите македонски
ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии.
Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен
тетовскиот грав.
PODGOTOVKA
Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода
најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекне, потоа
се мие и се вари во
лонец. По првото
вриење
водата се истура (бидејќи создава гасови), па се става нова вода. Во
втората вода се додава дел од кромидот и црниот пипер, а може и неколку
парчиња
ловоров лист. Посебно во тавче
запржуваме
кромид заедно со црвен пипер. Сувата пиперка можеме да ја запржиме
заедно со кромидот, а може и посебно. После 90-тина минути колку што му
се потребни на гравот да се свари, му го додаваме запржениот кромид и
пиперката и добро промешуваме. Потоа содржината се става во
земјен сад и се пече на
температура
околу 220 степени сè додека не запече одозгора. Во варењето треба да се
внимава да нема ниту премногу, ниту премалку вода. А при печењето да се
внимава да не биде премногу сув.
Земјената тава покрај што му дава препознатлив традиционален изглед на јадењето ја чува топлината со часови.
No comments:
Post a Comment