Wednesday, October 4, 2017

PRILEPSKI SIRDEN


Ова е еден од начините како се подготвува ширденот во Прилеп. За подготовка на ова јадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
- 3 бабулиња од јагне
- 400 гр. јунешко месо
- 400 гр. свинско месо
- 150 гр. сланина
- 1 главица кромид
- 100 гр. ориз
- 3 суви везени пиперки
- 3 чешниња лук
- половина лажица црвен пипер
- 1 лажица зачин Ц
- 100 мл. пиво
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 2 часа.
На даската за сечење главицата кромид ситно ја сечкаме. Исечканиот кромид го собираме во тава за пржење. Свинското месо го сечкаме на ситни коцки. Коцките месо ги додаваме во тавата. И јунешкото месо го сечкаме на ситни коцки. Исечканото месо го додаваме во тавата. Го вклучуваме огнот и во тавата ставаме масло за јадење. Се убаво промешуваме. Потоа ситно ја сечкаме сланината. Исечканато сланина ја додаваме во тавата. Промешуваме.
Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го собираме во сад настрана. Во садот со сувите пиперки налеваме вода. Содржината во тавата на оган ја посолуваме и ја зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. По кратко време тавата ја тргаме од оган и содржината од тавата ја претураме во поголем длабок сад. Во садот додаваме ориз. Потоа го ставаме исечканиот лук. Додаваме црвен пипер и зачин Ц. Сувите пиперки ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот. Промешуваме. Во садот додаваме и половина од пивото. Повторно се убаво промешуваме. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Го земаме бабулето и со лажица почнуваме да го полниме со смесата од садот. Бабулето го затвораме со чепкалка. Наполнетите бабулиња ги ставаме во огноотпорна тава. Потоа со чепкалка ги боцкаме бабулињата за да не испукаат за време на печењето.
Во садот во кој го подготвуваме филот налеваме вода и ја додаваме во огноотпорниот сад. Во садот го додаваме и преостанатото пиво. Огноотпорниот сад го затвораме со капак и го ставаме во рерна. Печеме 90-тина минути на температура од 180 степени.
Го вадима садот од рерна и го ставаме на работната маса. Го земаме првиот ширден го вадиме од садот и го ставаме на даската за сечење. Ја отстрануваме чепкалката и со нож го расекуваме ширденот на парчиња. Останатите два ширдена ги ставаме на чинија за сервирање. И од нив ги отстрануваме чепкалките. Потоа и парчињата ширден ги ставаме на чинијата за сервирање. Со црпалка ширдените ги прелеваме со сосот од тавата. Декорираме со една сува пиперка и со млад кромид.
Подготовката на ова јадење за 4 лица ќе ве чини околу 380 денари.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете црвено вино.
Добар апетит.



Image result for prilepski sirden

No comments:

Post a Comment